НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА
Што е картичка за лојалност ВЕРНА?
Со желба да им обезбеди дополнителни погодности и предности на своите лојални клиенти, „Макпетрол“ воведе програма за лојални потрошувачи ВЕРНА. Со програмата, преку издавање специјални картички, а согласно со најновите светски стандарди, „Макпетрол“ ја наградува вашата лојалност. Вие стекнувате поени при купување гориво и производи од дополнителниот асортиман на сите продажни места на „Макпетрол“. Поените потоа може да ги искористите за купување производи од дополнителниот асортиман со приложување на Вашата картичка ВЕРНА.
Kорисниците на картичките ВЕРНА ќе имаат ексклузивен пристап до голем број промотивни акции за специјални производи со повластени цени, на сите продажни места на „Макпетрол“.
Како да се зачленам во програмата за лојалност ВЕРНА ?
За да станете дел од програмата ВЕРНА, пред сe, треба да бидете постари од 18 години.
Треба да поднесете пополнета и потпишана пристапница на кое било продажно место, што можете да ја подигнете од бензинските станици на „Макпетрол„ или можете да ја пополните електронската пристапница на интернет страницата, да ја испечатите и да ја доставите на кое било продажно место. Доколку не сте во можност да ја испечатите пристапницата, тоа може да го направите на некоја од бензинските станици на „Макпетрол“.
Правилно и целосно пополнетата пристапница треба да ја предадете на некое од продажните места на „Макпетрол“. Откако ќе ја пополните пристапницата на начин пропишан со овие правила ја добивате привремена картичка ВЕРНА START и веднаш почнувате со стекнување поени.
НАПОМЕНА: Ве молиме да ја пополните пристапницата читливо и со печатени букви.
Дали членството во програмата за лојалност ВЕРНА е бесплатно?
Да, членството во програмата за лојалност ВЕРНА е бесплатно. Вие само треба да пополните пристапница.
Како се стекнуваат поени во програмата за лојалност ВЕРНА?
Со активирана картичка ВЕРНА имате право да стекнувате поени за трансакциите направени на сите продажните места на „Макпетрол“. Поени се стекнуваат така што пред купувањето најавувате дека сакате да Ви бидат впишани поени, а при плаќањето, ја приложувате картичката ВЕРНА, за да Ви ги впишат стекнатите поени за таа трансакција. Поени не се стекнуваат при купување цигари.
Кога можам да ги искористам поените?
Поените најпрво ги стекнувате на Вашата времена ВЕРНА START картичка. Кога ќе стекнете 30 поени, Вие се стекнувате со право да ја добиете трајната чип картичка ВЕРНА CALSSIC. Во оваа картичка ќе ви бидат додадени уште 5 поени како награда за Вашата верност. Потоа ние ќе Ве известиме и ќе Ви ја доставиме картичката заедно со пин-кодот. Пин-кодот служи за авторизација на сите понатамошни трансакции и операции со картичката ВЕРНА CLASSIC.
Како се користат поени во ВЕРНА програмата за лојалност?
Kористењето на поените се врши со приложување на картичката ВЕРНА CLASSIC.
Пред плаќањето, треба да најавите дека сакате да користите стекнати поени.
Притоа, висината на поените што ќе се користат не смее да биде поголема од 50% од вредноста на направената сметка. За делот од сметката платен во готово или со банкарски картички се впишуваат поени, а за делот платен со стекнати поени не се запишуваат нови поени.
Поените не може да ги користите при купување цигари и гориво и не може да ги размените за готовина.
За што можам да ги искористам поените во Програмата за лојалност ВЕРНА?
Вашите поени можете да ги користите при плаќање за сите производи од дополнителниот асортиман на стоки на бензинските станици, за производите од програмата на Хонда и на Дел, за гумите за возила, како и за услугите на хотелите на „Макпетрол“.
Мојата состојба на поени не е ажурирана.
Поради евентуални технички проблеми, можно е поените да не бидат впишани веднаш, па затоа не можете веднаш да ги видите на Вашата лична сметка.
Меѓутоа, поените се евидентирани во нашиот систем и истите ќе може да ги видите со одредено задоцнување.
До кога можам да ги искористам собраните поени?
Временскиот рок за користење на Вашите поени е неограничен.
Како можам да ја проверам состојбата на моите поени?
Проверка на состојбата може да направите преку најавување на интернет- страницата www.verna.mk, на секое продажно место на „Макпетрол“, со приложување на Вашата картичка ВЕРНА, или преку контактирање на нашата служба за лојални корисници (e-пошта: support@verna.mk и тел: 15 550).
Што значи прва најава на веб-страницата www.verna.mk и што треба да направам?
По пополнување на пристапницата на Вашата електронска адреса ќе добиете корисничко име и лозинка. Кога ќе ги внесете корисничкото име и лозинката, ќе биде побарано од Вас да внесете нова лозинка што ќе ја користите при натамошното најавување на профилот.
Зошто не можам да се најавам на веб-страницата www.verna.mk?
Проверете дали точно сте ја напишале лозинката или корисничкото име. Ако повторно не успеете, контактирајте ја нашата служба за лојални корисници (e-пошта: support@verna.mk и тел: 15 550).
Ја заборавив мојата лозинка. Што треба да направам?
Доколку jа заборавивте Вашата лозинка за пристап може:
1. Да испратите барање за промена на лозинка на support@verna.mk
2. Да кликнете на линкот „ја заборавивте лозинката“ на веб-страницата и да продолжите со процедурата, следејќи ги дадените упатства.
Како можам да ги променам моите лични податоци?
Може да направите промена на податоците што ги имате внесено во пристапницата, преку контактирање на нашата служба за лојални корисници (e-пошта: support@verna.mk и тел: 15 550), по писмен пат на адреса на Издавачот, како и со доставување барање преку корисничкиот профил на веб-страницата www.verna.mk.
Стекнатите поени имаат номинална вредност при користење што е еднаква на 1 денар за секој стекнат поен. (100 поени = 100.00 ден.)
Има ли некакви ограничувања за тоа што се можам да купам со картичката ВЕРНА?
Во програмата за лојалност ВЕРНА не учествуваат цигари, ниту за стекнување, ниту за користење поени.
Поени не можат да се стекнат за делот од сметката платен со поени, ниту при плаќање со други картички издадени од „Макпетрол“ со посебни договори.
Поените не можат да се користат за купување гориво, не можат да се заменат за готовина, не можат ниту да се подарат, да се префрлат, или на друг начин да се направат достапни за кое било друго лице освен за носителот на картичката ВЕРНА.
За стекнување поени од дополнителниот асортиман на Бензинските станици, програмата на ХОНДА, Дел и Гуми за возила како и хотелските услуги се воведува вредносно ограничување од 10.000 денари.
Поени за гориво се стекнуваат со направена сметка од најмалку 500 денари.
Поени за производите од дополнителниот асортиман на Бензинските станици, програмата на ХОНДА, Дел и Гуми за возила како и хотелските услуги се добиваат со направена сметка од најмалку 200 денари.
Што доколку ја изгубам ВЕРНА картичката?
Доколку ја имате изгубено Вашата ВЕРНА картичка треба веднаш да пријавите на нашата служба за лојални корисници (e-пошта: support@verna.mk и тел: 15 550) или да испратите барање за блокирање и изработка на нова картичка преку корисничкиот профил на веб-страницата www.verna.mk.
При губење на картичката ВЕРНА, ќе Ви бидат одземени 90 поени за издавање нова картичка.
Секоја штета направена до моментот на пријавување на губењето на картичката ја сносите Вие.
При губење на картичка ВЕРНА, Издавачот ќе направи се што е во негова моќ во најкраток рок да издаде нова картичка.
Што доколку ВЕРНА картичката е неисправна?
Доколку Вашата картичка ВЕРНА е неисправна, оставете ја на која било бензинска станица.