ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ
Податоци, собирање и употреба

„Макпетрол“ посветува големо внимание на заштитата на Вашите лични податоци во сите свои деловни процеси, имплементирајќи ги стандардите воспоставени со прописите за заштита на личните податоци во Република Македонија.
Оваа политика на приватност се однесува на начинот на кој „Макпетрол“ преку програмата за лојалност ВЕРНА врши обработка на личните податоци.
„Макпетрол“ ја почитува приватноста на своите корисници и посетители на веб-страницата www.verna.mk и се грижи за заштита на личните податоци. „Макпетрол“ може да обработува лични податоци за корисниците, а во насока на подобрување на содржините и функционалностите на страницата.
Обработката на лични податоци се врши само на оние податоци кои ни се доставени од Ваша страна.
Оваа политика за приватност се однесува само на веб-страницата на ВЕРНА програмата за лојалност и на сите поддомени. Доколку преку веб-страницата на ВЕРНА програмата за лојалност е обезбеден линк до други веб-страници Ве информираме дека не преземаме одговорност во однос на заштитата на личните податоци кои ја обезбедуваат тие веб-страници.
Ние ќе ги користиме Вашите лични податоци за да се процесираат стекнатите поени, за да Ве информираме за Вашата тековна состојба на ВЕРНА картичката и за сите поволности кои ги нуди оваа програма за лојалност.
Ве молиме да имате предвид дека во случај на откривање на личните податоци преку други онлајн форуми, истите може да ги приберат и користат други субјекти и затоа Ве советуваме и Ве предупредуваме да не ги откривате своите лични податоци онлајн на непознати, со цел да се спречи неовластено користење или злоупотреба.


Пораки доставени преку е-пошта и коментари

Кога ја посетувате нашата веб-страница и се најавувате, или, пак, оставате коментар, може да побараме да го оставите Вашето име, презиме, компанија, телефон, е-пошта и адреса. Собраните информации ги користиме за да одговориме соодветно на Вашите индивидуални потреби и да Ви обезбедиме ефективна услуга и поддршка.
На сите Ваши пораки или прашања пристигнати по е-пошта ќе Ви одговориме на истата електронска адреса. Електронската адреса нема да се користи за ниту една друга цел и нема да ја споделиме со ниту една трета страна за цели надвор од примарната – одговор на Вашето барање.


COOKIES

Оваа веб-страница може да употребува cookies. Cookies се мали датотеки кои се користат за прибирање на информации преку кои се овозможува препознавање на Вашиот компјутер при Вашата следна посета на нашата веб-страница со што се овозможува побрз пристап. Преку cookies не се прибираат лични податоци. Cookies не може да се користат за работење со програми или, пак, да пренесат вируси на Вашиот компјутер.
„Макпетрол“ може да ги постави и да има пристап до cookies на „Макпетрол“ на Вашиот компјутер.
„Макпетрол“ ги задржува датотеките со извештај од сите пристапувања на неговата страница и го следи сообраќајот во мрежата поради управување со страната.


Откривање на податоците

„Макпетрол“ го задржува правото на откривање на Вашите лични податоци во случаи кога тоа се бара по закон или е потребно во водењето на некоја судска постапка, за заштита на нашите бизнис интереси и интересите на нашите корисници.
Пристапот до Вашите лични податоци во „Макпетрол“ е ограничен на оние вработени за кои сметаме дека имаат реална потреба да дојдат во контакт со тие податоци, со цел да Ви овозможат да ги добиете бараните услуги.
„Макпетрол“ ги презема сите потребни технички и организациски мерки за обезбедување на сигурност и тајност на Вашите лични податоци, кои се во согласност со постојните законски прописи од оваа област, со цел да ги заштитиме од неовластен пристап, неовластено откривање, неовластена обработка или злоупотреба.
Вашите личните податоци ќе бидат чувани не подолго отколку што е потребно за да се исполнат целите поради кои се собрани податоците, по што истите ќе бидат избришани од нашиот систем.


Новости по е-пошта

Ако се одлучите да добивате информации и новости, Вашата електронска адреса ќе се користи исклучително за да се испратат новостите до Вас лично. Вие можете во секое време да се „отпишете“ (Opt-out), при што во ваков случај Вашата електронска адреса ќе биде трајно отстранета од нашата база на податоци.


Заштита на личните податоци

Информациите кои ги обработуваме, грижливо се зачувани и не ги даваме на трети лица или компании. Ова ги исклучува нашите партнери кои ни помагаат во водењето на страницата и нашиот бизнис.
По барање на државните органи и во согласност со законот, можеме да предадеме еден дел или сите собрани информации.
Применетата политика за приватност објавена на оваа веб-страница се заснова на Законот за заштита на лични податоци на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.07/05, 103/08 и 124/10). Во електронска форма, пречистениот текст на Законот може да се симне од веб-страницата на Дирекцијата за заштита на лични податоци на Република Македонија (www.dzlp.mk).


Ослободување од одговорност

Оваа политика за приватност се однесува само на информациите кои се објавени на нашата веб-страница.


Промени во Политиката за приватност

Го задржуваме правото на промени на Политиката за приватност. Доколку извршиме одредени промени на Политика за заштита на приватноста, истите ќе ги објавиме на оваа веб- страница.


Контакт

Доколку имате одредени прашања во однос на Политика на приватноста и собраните и обработените лични податоци од наша страна, може да ги доставите на следните контакт информации:

ул. СВ. „Кирил и Методиј“ бр.4
1000 Скопје. Македонија
Телефон: 15550
support@verna.mk

Зачленете се на нашиот NEWSLETTER и добивајте известувања за сите нови акции и производи:

©2014 МАКПЕТРОЛ АД. Сите права задржани.